Временска прогноза
Променливо облачно со врнежи од дожд, на планините снег
07.12.2024 08:23
Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец...

Променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни во источните делови (20л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7 степени, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен ветер од северен правец.
