ухмр

Во Маврови Анови и Попова Шапка 40 сантиметри снег

07.12.2024 09:30

Во Маврови Анови и Попова Шапка има снежна покривка од 40 сантиметри, а во Крушево од 12 сантиметри...

Во Маврови Анови и Попова Шапка има снежна покривка од 40 сантиметри, а во Крушево од 12 сантиметри. Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка 16 литри на метар квадратен.

Четиринаесет литри на метар квадратен се измерени во Виница, 11 Пожар и Попова Шапка, 10 Пожаране, девет во Маврови Анови, Тетово, Берово и Крушево, седум во Штип и Гевгелија, шест во Куманово и Лазарополе, пет во Скопје Петровец, Струмица, Дебар, Претор и Велес, четири во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Охрид, Демир Капија, три во Кавадарци, два во Битола и Тополчани.

Како што информира УХМР, на Попова Шапка се измерени -1 степен, 1 во Лазарополе, 2 во Маврови Анови и Куманово, 3 во Крушево, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Крива Паланка, 5 во Скопје-Петровец и Берово, 6 во Велес, Штип, Прилеп и Битола, 7 во Охрид, Претор, Виница, Кавадарци, Дебар и Струмица, 8 во Гевгелија, 9 во Демир Капија.