РОМАНИЈА

Уставниот суд на Романија ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори

07.12.2024 10:47

Уставниот суд на Романија денес ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори откако повторно ги разгледа жалбите на невладините организации, кандидатите и владините агенции...

Поништувањето на резултатите од првиот круг на претседателските избори во Романија од Уставниот суд претставува државен удар, рече независниот кандидат за претседател Калин Ѓорѓеску, кој освои најголем број гласови. Истакна дека таа одлука не е само правен, туку е и политички акт и забележа дека правосудниот систем на републиката ја изгубил независноста и дека е подреден на политички налози. Уставниот суд на Романија денес ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори откако повторно ги разгледа жалбите на невладините организации, кандидатите и владините агенции. 

Во барањата сите се повикуваат на документите од кои беше тргната ознаката за тајност од страна на Врховниот совет за безбедност на земјата, според кои во изборната кампања имало странско мешање.