мвр
Претрес во Кичево, пронајдена дрога
07.12.2024 10:16
При претрес во дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кеса со марихуана, пари и други предмети.

Вчера во 13.10 часот во Кичево, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Т.(29) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кеса со марихуана, пари и други предмети.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
