Лицата со попреченост и натаму се судруваат со секојдневни проблеми во живеењето
Лицата со попреченост бараат институционално да бидат решени проблемите со кои секојдневно се судруваат. Освен физичките-архитектонските пречки, бариерите кои се присутни, предрасудите сè уште во 21 се секојдневие во нивниот живот …

Лицата со попречености имаат секојдневни проблеми во редовно живеење. Наидуваат и на физички – архитектонски пречки, поради кои не можат да ги совладаат бариерите или се справуваат со предрасуди, кои и во 21 век никако да се надминат и сè уште се присутни.И по толку години не се решени проблемите со пристап до институциите, наследен од претходната држава.
Излезот од ваквата состојба овие лица го гледаат во вклучувањето во редовниот живот на извршната или законодавната власт. Сметаат дека само така, ќе може да се слушне посилно нивниот глас.
Од 81 општина во Македонија, само во четири има по еден член на советот лице со попреченост. Поднесен бил предлог закон за парламентарни избори, со кој се предлага на секоја кандидатска листа до одредено место на гласачкото ливче, да има лице со попреченост или до одреден процент тие да бидат присутни како кандидати.
Во општина Велес од 48.447 жители, 5.282 се лица со попреченост.
Петар Печков
