ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Од растителен отпад до органско ѓубриво

07.12.2024 14:01

Да им се обезбедат компостери на земјоделците од Југоистокот за да можат од растителниот отпад прават органско ѓубриво. Ова се препораките на стручните лица кои во Струмица ги едуцираа младите за био економијата. Растителниот отпад во овој дел на државата најчесто завршува на депонии …

Локалните и државните власти да најдат начин и модел на земјоделците од Југоистокот да им обезбедат компостери па растителниот отпад место во депонии да го фрлаат прават органско ѓубре. Вака апелираа од Центарот за одржлив развој имајки во предвид дека годишно над 20 илјади тони биоразградлив отпад од Југоисоткот завршува на депонии.

Центарот за одржлив развој заедно со општина Струмица спроведуваат проект за био економија. Опфатени се средношколците од Димитар Влахов кои во последните месеци истражуваа и понудија иновативни решенија како на отпадот му се даде нова употребна вредност.

Средношколците од Струмица предложија производство на затворач за вино од биоотпад од винова лоза, Еколошки сапун со луфа, декоративни предмети од конец од јута и дрво, био препарат од коприва за органско земјоделство.

 

Ване Трајков