Франција

Катедралата „Нотр Дам“ повторно отворена за посетителите

07.12.2024 11:59

Во време на глобални поделби и конфликти, средновековниот симбол на Париз ќе биде момент на обединување на речиси 50 шефови на држави и влади, кои ќе ги пречекаа Макрон, меѓу кои е и новоизбраниот американски претседател Трамп кој изутринава пристигна во градот...

Катедралата „Нотр Дам“ денеска повторно ги отвора вратите. Завршена е реставрацијата по големиот пожар од пред пет години. Во време на глобални поделби и конфликти, средновековниот симбол на Париз ќе биде момент на обединување на речиси 50 шефови на држави и влади, кои ќе ги пречекаа Макрон, меѓу кои е и новоизбраниот американски претседател Трамп кој изутринава пристигна во градот.

На настанот ќе учествува и украинскиот претседател Зеленски. На прославата, предводена од надбискупот Лоран Улрих, се очекува да присуствуваат 1.500 гости.