САД
Пронајден ранец поврзан со убиството на извршниот директор на „Јунајтед хелт кер“
07.12.2024 19:05
Форензичкото тестирање треба да го потврди тврдењето. Масовната потрага по убиецот на Брајан Томпсон се прошири и вон градските граници поради индикации дека тој го напуштил Њујорк...

Истражителите од Њујорк пронајдоа ранец во „Централ парк“ за кој веруваат дека му припаѓа на осомничениот за убиството на извршниот директор на „Јунајтед хелт кер“. Форензичкото тестирање треба да го потврди тврдењето. Масовната потрага по убиецот на Брајан Томпсон се прошири и вон градските граници поради индикации дека тој го напуштил Њујорк.
ФБИ нуди 50 илјади долари за информации и помош во идентификувањето на убиецот, откако беше објавено видео од надзорна камера на кое се гледа маж без маска.
