Образование
Со онлајн настава до решение на проблемот со детето од ОУ „Лазо Ангеловски“
07.12.2024 11:24
Проблематичниот ученик да следи онлајн настава. Ова е предлогот за надминување на бојкотот на наставата …

Бојкотот на наставата во основното училиште „Лазо Ангеловски“ е прекинат, а децата од вторник се враќаат во училишните клупи, одлучи Советот на родители. Донесена е одлука ученикот од трето одделение да учи онлајн до крајот на првото полугодие, додека надлежните ќе вршат соодветна проценка за заштита на детето и останатите деца во одделението.
Министерката за образование Јаневска побара на надлежните институции да им се дадат неколку дена за да го решат случајот со третоодделенецот, апелирајќи да не се продолжи со стигматизација на ученикот во јавноста.
