Економија
Расте бројот на производи во новогодишната кошничка
07.12.2024 15:08
Секојдневно се зголемува бројот на производите кои ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка кои треба да бидат барем за 10 насто поевтини. Досега надмина 700 производи. Министерството очекува голем бенефит за граѓаните, а тие инспекторатот будно да ги следи трговците …

Постојано расте бројот на производите во новогодишната кошничка. До стартот на мерката, 15-ти декември, се очекува да надмине 800 производи со намалени цени, најмалку за 10 проценти. Опфатени се 63 компании.
Граѓаните не им веруваат на трговците. Бараат Инспекторатот будно да следи.
Заменик министерот за економија потврдува дека инспекторатот ќе биде на теренот во маркетите.
Мерката ќе трае до 15-ти јануари.
Елизабета Митреска
