Егзекутиран тетинот на севернокорејскиот лидер
Џанг Сонг Тек- 67 годишниот тетин и политички ментор на комунистичкиот севернокорејски лидер Ким Јонг-Ун, кој се сметаше за сива еминенција и втор човек според моќта во Северна Кореја, е погубен откако специјалниот воен суд утврдил дека е виновен за предавство и го осудил на смрт. Џанг беше разрешен од функциите и беше обвинет за финансиски малверзации, коцкање, швалерисување и злоупотреба на дрога. Неговата егзекуција е веројатно најголемиот пресврт во севернокорејската хиерархија, откако Ким Џонг Ун дојде на власт пред две години.

Џанг Сонг Тек- 67 годишниот тетин и политички ментор на комунистичкиот севернокорејски лидер Ким Јонг-Ун, кој се сметаше за сива еминенција и втор човек според моќта во Северна Кореја, е погубен откако специјалниот воен суд утврдил дека е виновен за предавство и го осудил на смрт. Џанг беше разрешен од функциите и беше обвинет за финансиски малверзации, коцкање, швалерисување и злоупотреба на дрога. Неговата егзекуција е веројатно најголемиот пресврт во севернокорејската хиерархија, откако Ким Џонг Ун дојде на власт пред две години. Министерството за обединување на Јужна Кореја соопшти дека владата во Сеул е многу загрижена поради развојот на настаните во Пјонгјанг и оти се консултира со сојузниците. Белата куќа, егзекуцијата ја оцени како „уште еден пример за бруталноста на севернокорејскиот режим“.
Во конфликтот во Сирија е употребено хемиско оружје, утврдиле инспекторите на Обединетите нации. Нервниот агенс сарин бил користен за време на нападот на 21 август во близина на Дамаск, но нема заклучок кој е одговорен за тоа, стои во новиот извештај на организацијата Нападот предизвика осуда во целиот свет и беше повод за мисија на ОН за да се уништат залихите на хемиско оружје на сириската влада.
Лидерот на украинската опозиција Арсениј Јаценјук оцени дека ветувањето од владата дека ќе го потпише договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ е само блеф. Реакцијата доаѓа по вчерашната средба на украинскиот вицепремиер Серхиј Арбузов и Штефан Филе во Брисел, по којашто Арбузов изјави дека Киев „наскоро“ ќе го потпише договорот со ЕУ не наведувајќи точен датум. Во меѓувреме проевропските демонстранти и натаму на улиците на Киев. Полицијата постави блокади, а опозицискиот лидер Виталиј Кличко истакна дека демонтрантите ќе останат на улиците се до Нова година, а ако треба и потоа.Нередите во земјата сериозно влијаат на економската стабилност, од почетокот на протестите зголемена е побарувачката на девизи.
Белгискиот Сенат со мнозинство гласови го одобри предлог законот за еутаназија на смртно болните малолетници. Предвидена е за оние кои боледуваат од неизлечливи заболувања и за кои лекарите ќе предвидат дека болеста ќе има скорешен фатален исход. Според предложеното законско решение, пациентот мора да биде свесен за неговата ситуација и да го разбира значењето на барањето еутаназија или да биде одобрена со писмена согласност на родителите. Белгија ја воведе евтаназијата во 2002 година за лица над 18 години, а сега предлогот е сличен на оној во соседна Холандија каде што долната граница е поместена на 12-годишна возраст.
