„Катимерини“: Нимиц нема да донесе ништо ново

25.07.2014 10:38

Грчкото Министерство за надворешни работи нема таква слика, а слична атмосфера пренесуваат и медиумите од Скопје...

Медијаторот Метју Нимиц нема да донесе никаков нов предлог во преговорите при неговата посета на Скопје и Атина наредната недела, пишува електронското издание на „Катимерини“.
 
Повикувајќи се на македонските медиуми, весникот ја пренесува изјавата на Нимиц за програма „Гласот на народот“ дека очекува голем напредок на средбите со државниот врв во Скопје и Атина.
 
Сепак Нимиц не носи некој нов предлог во преговорите. Грчкото Министерство за надворешни работи нема таква слика, а слична атмосфера пренесуваат и медиумите од Скопје. Министерот за надворешни работи Никола Попоски вчера на прес-конференција на прашање дали очекува нов предлог на специјалниот пратеник на Генералниот секретар Нимиц, одговори дека нема најава за такво нешто“, пишува „Катимерини“.