Холандија

Експлозија во станбена зграда во Хаг

07.12.2024 19:18

По експлозијата, избувнал пожар. Спасувачките служби трагаат по преживеани...

Најмалку 20 луѓе останаа заробени под урнатините, откако силна експлозија уништи трикатна станбена зграда во Хаг. По експлозијата, избувнал пожар. Спасувачките служби трагаат по преживеани. Неколкумина се извлечени и пренесени во болница. Дел од становите се целосно оштетени, а предизвикана е штета и на околните објекти.

Засега е неизвесно што ја предизвикало експлозијата во зградата. Истрагата е во тек.