Романија

Георгеску протестира пред затворено избирачко место во Букурешт

08.12.2024 18:05

„Ова гласање беше откажано, а практично, со откажување на демократијата, се укинува и нашата слобода“, изјави Калин Георгеску , претседателски кандидат...

Крајнодесничарскиот независен кандидат за претседател на Романија и фаворит во првиот круг од претседателските избори-Калин Георгеску излезе пред затвореното избирачко место во Букурешт, на денот кога требаше да се одржи вториот круг од гласањето за избор на шеф на државата, во знак на протест откако Уставниот суд ги поништи изборите по низа декласифицирани разузнавачки информации за организирана кампања преку платформи на Тик-ток и Телеграм за да го промовира.

„Денеска е Ден на Уставот, а во Романија веќе нема ништо уставно. Сепак, јас сум тука во име на демократијата и секогаш ќе бидам. Ова е само симбол, не повикувам никого да направи ништо, едноставно момент на тишина. Како што знаете, денеска требаше да се одржи вториот круг од претседателските избори. Но, ова гласање беше откажано, а практично, со откажување на демократијата, се укинува и нашата слобода“, изјави Калин Георгеску , претседателски кандидат.