партии
Филипче: Делото на Св.Климент Охридски е аманет и патоказ кон прогрес и заедништво
08.12.2024 11:29
Честитка до верниците испрати и лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Во неа вели, просветителското дело на Свети Климент Охридски е наш аманет и патоказ дека се е можно и дека за се постои начин, ако се умее и се сака...

Честитка до верниците испрати и лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Во неа вели, просветителското дело на Свети Климент Охридски е наш аманет и патоказ дека се е можно и дека за се постои начин, ако се умее и се сака.
„Да се има ваква личност во македонската историја е чест и обврска. Ние ја продолживме Светиклиментовата мисија и денес, македонскиот јазик е на рамноправно рамниште со јазиците на земјите членки на ЕУ, во НАТО и во ОН. Но, секое време има потреба од идејност и решителност, и правецот за сите се прогресот и заедништвото“, вели Филипче во честитката.
