Чествување на Св. Климент Охридски-Чудотворец
Православните христијани денеска го празнуваат „Св. Климент Охридски – Чудотворец“, патронот на Македонската Православна Црква. Во Соборниот храм, света архиерејска литургија...

Се чествува Св. Климент Охридски, еден од најголемите македонски просветители, учител и заштитник на македонскиот народ. Еден од најистакнатите ученици на Св. Кирил и Методиј-основач на Охридската книжевна школа.
Првиот словенски универзитет е потсетник дека неговата, но и визијата на неговите учители, Светите Кирил и Методиј, за образованието и писменоста, треба да остане вградена во темелите врз кои опстојува цивилизацијата.
Мисијата и делото на Свети Климент Охридски и понатаму треба да останат онаа нишка која нè сплотува, но во исто време и поука и аманет дека чувањето на традицијата е обврска, пред сè, заради генерациите кои доаѓаат.
Делегации од кабинетот на претседателот, од Собранието, Владата, Генералштабот на Армијата, претставници на институции, на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на дипломатскиот кор како и политички партии положија свежо цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски.
Александра Спировска
