Битола

Лицата со мултипла склероза, тешко доаѓаат до терапија

08.12.2024 16:02

Бројот на лица заболени со мултипла склероза е во постојан раст, Македонија спаѓа во државите со висок ризик, регистрирани се околу 1.600 заболени, а годишно се регистрираат повеќе од 100 новозаболени. Здружението „Мобилност-Битола“ трета година по ред организира тематски работилници, за оваа проблематика бараат воведување на регистар и проширување на позитивната листата. На пациентите со оваа болест од внатрешноста на државата, најголем проблем им претставува достапноста на терапијата, за која како што велат – не можат да ја примаат во местото каде живеат и мораат да патуваат во Скопје …

Од година во година расте бројот на заболени со мултипла склероза. ,, Болеста со илјада лица“ најчесто се дијагностицира на возраст од 20-40 години, а најзасегната е женската популација, Билјана Трајковска веќе 21 година се бори со оваа болест, која и била дијагностицирана кога имала само 19. Вели – институционално секогаш има препреки, најголем проблем е достапноста на терапијата.

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност-Битола“ бара конечно да се формира регистар во земјава, да се прошири и позитивната листа со нови лекови.

Бројот на заболени се движи околу 1.600, годишно се регистрираат повеќе од 100 новозаболени, а во Битола се евидентирани над 120 лица со мултипла склероза.

 

Александра Максимовска