АХВ
АХВ спроведе контроли во кујните на приватните градинки
08.12.2024 18:46
11 од нив не биле регистрирани во АХВ како оператори со храна...

Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведоа вонредни контроли на 38 кујни во приватните градинки. 11 од нив не биле регистрирани во АХВ како оператори со храна. Четири кујни не ги почитувале процедурите на добра хигиенска пракса, еден оператор со храна немал спроведено здравствен преглед на вработените. Издадени се 14 решенија со наредби за отстранување на неправилностите, изречени се 13 парични казни.
