OJO

Познат идентитетот на починатите лица во неготинско

09.12.2024 08:03

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршило увид на самото место, каде во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени трите безживотни тела...

Неготинско ја потресе веста за три безживотни машки тела пронајдени во импровизиран верски објект, во селото Црвени Брегови. Меѓу починатите е и дете на возраст од 14 години. Жртвите се идентификувани, станува збор за 71-годишен од Битола и 66-годишен жител на Ресен.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство, Кавадарци извршил увид на самото место, каде што во куќа која се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени три безживотни тела. При првичниот преглед, на лицата не се констатирани траги на насилство.

Јавниот обвинител издал наредби за обдукција и за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле.