Временска прогноза

Променливо облачно, со појава на магла во котлините

09.12.2024 07:58

Променливо облачно, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд...

Времето денес ќе биде променливо облачно, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно време, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 9 степени.