Финансии

Буџетот за 2025 утре на собраниска седница

09.12.2024 08:12

Вкупните приходи во предлог-буџетот се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите од 400-ни милијарди денари...

На собраниска седница утре почнува расправата за Предлог-буџетот за идната година, која трае најмногу пет дена. Вкупните приходи во предлог-буџетот се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите од 400-ни милијарди денари.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 4 проценти од планираниот БДП. Инфлацијата се очекува да се намали на ниво од 2,2 процента, како резултат на стабилизирањето на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите на меѓународниот пазар, велат од Финансии. Извозот се очекува да има раст од 4,2, а увозот од 4,4 проценти.