Словенија

Земјотрес со јачина од 3,5 степени регистриран во Словенија

09.12.2024 09:05

Епицентарот на земјотресот бил лоциран на длабочина од 40 километри...

Во Словенија е регистриран земјотрес со јачина од 3,5 степени, со епицентар кај Шкофја Лока, соопшти локалната агенција за животна средина (АРСО).

Епицентарот на земјотресот бил лоциран на длабочина од 40 километри.

Засега нема информации дали земјотресот предизвикал материјална штета или дали има повредени.