Утре во Скопје протестен марш против загадениот воздух
Протестот започнува во 16:00 часот пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжува пред Собранието и завршува пред Владата на Република Македонија...

Иницијативата „Зелен Хуман Град“ за утре најавува протестен марш против аерозагадувањето во главниот град.
Протестот започнува во 16:00 часот пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжува пред Собранието и завршува пред Владата на Република Македонија.
„Секоја година во Македонија има околу 3.828 смртни случаи поради изложеност на честичките PM2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето. Ова претставува 17,7% од вкупната смртност во државата. Честичките се поврзани со сериозни здравствени проблеми, како белодробни заболувања, срцеви удари и рак на белите дробови“, се наведува во повикот од иницијативата.
