Продолжува битката со дронови меѓу Киев и Москва
Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија во текот на ноќта лансирала две крстосувачки ракети и 37 беспилотни летала кон Украина. Поголемиот дел од проектилите успешно се соборени...

Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија во текот на ноќта лансирала две крстосувачки ракети и 37 беспилотни летала кон Украина. Поголемиот дел од проектилите успешно се соборени. И Москва извести за соборени украински беспилотни летала во текот на ноќта над три региони.
Претседателот Зеленски, ја демантираше изјавата на новоизбраниот претседател на САД, Трамп за наводните загуби на вооружените сили во војната со Русија. Според Трамп, загубите на Украина достигнуваат 400 илјади луѓе, но Зеленски не се согласува со ова тврдење и наведува дека загинале 43 илјади војници.
Новоизбраниот претседател Трамп изјави дека ќе стави крај на војната во Украина – ако може, со што ги ублажи најавите што ги даде во предизборната кампања за експресен крај на конфликтот.
