Влада: Раст на БДП од три проценти во третиот квартал
За прв пат после 7 години пропаст и стагнација на македонската економија, конечно државата бележи раст на БДП од 3 проценти во третото тримесечје од 2024 година, соопштуваат од владината прес-служба.

За прв пат после 7 години пропаст и стагнација на македонската економија, конечно државата бележи раст на БДП од 3 проценти во третото тримесечје од 2024 година, соопштуваат од владината прес-служба.
Според Државниот завод за статистика, раст на бруто домашниот производ во третото тримесечје односно месеците јули, август и септември од 3 проценти.
Овој раст на БДП од 3 проценти за македонската економија е највисок споредбено со земјите од регионот и Европа.
Само пет земји членки на ЕУ имаат повисока стапка на раст во третиот квартал, додека пак во регионот помала стапка на раст во третиот квартал има две земји членки на ЕУ, тоа се Грција и Бугарија од 2,4 проценти. Романија е во негативно салдо-0,3 проценти, додека пак Словенија има 1 процент. Негативни се стапките на раст на Естонија, Австрија, Латвија, Германија и други држави, се наведува во соопштението.
Владата очекува раст на БДП и во четвртиот квартал со што на годишно ниво би се доближиле од 3 проценти, што е многу повеќе од предвидените 1,8 проценти на Светска банка.
Оттаму велат дека преземаат активности насочени кон реализација на капитални инвестиции, како и привлекување на странски директни инвестиции, сè со цел придвижување на економијата и поттикнување на економскиот развој, стои во соопштението.
