ЈП Водовод и канализација – Скопје
Населбата Крњево утре без вода
09.12.2024 20:14
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности...

Поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул. „164“ бр. 117 утре од 9 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Крњево во општина Центар, најави ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
