МВР
Приведени дрвокрадци во скопско, следува соодветна пријава
09.12.2024 16:12
Вчера во 19.20 часот во атар на с. Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(21) и еден малолетник...

Синоќа во 19.20 часот во атар на с. Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(21) и еден малолетник, двајцата од с. Трубарево и Б.Д.(46) од Скопје, информираат од МВР.
Тие биле затекнати при вршење бесправна сеча на дрва, кои заедно со моторната пила биле одземени и предадени на Шумска полиција.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
