Скопје

Со лизгалиштето и забавниот парк, „Зимзоленд“ ги освои младите

09.12.2024 12:23

Со лизгалиштето и забавниот парк, „Зимзоленд“ веќе ги освои младите, додека музичките настани, диџеј сетовите и тематските вечери – од латино хип-хоп до караоке шоу – го привлекуваат и повозрасниот дел од публиката.

Скопје годинава ја пречекува зимата со отворањето на „Зимзоленд“, кој го претвори паркингот пред спортскиот центар „Јане Сандански“ во магична зимска бајка. Овој мини-град полн со декорации, светлосни шоуа и разнобојни активности.

Со лизгалиштето и забавниот парк, „Зимзоленд“ веќе ги освои младите, додека музичките настани, диџеј сетовите и тематските вечери – од латино хип-хоп до караоке шоу – го привлекуваат и повозрасниот дел од публиката.

Организаторите ветуваат богата програма со живи настапи, артисти, аниматори и театарски претстави. Магичниот амбиент со импресивни декорации и зимска магија ги обединува сите генерации, создавајќи незаборавно доживување.