Политика

Централното претседателство на ДУИ ќе одлучува за следните чекори

09.12.2024 13:27

Членови на Демократската унија за интеграција од синоќа се пред Уставниот суд...

Членови на Демократската унија за интеграција од синоќа се пред Уставниот суд. Најавија дека ќе стражарат до среда, кога судиите треба да расправаат за Законот за употреба на јазиците. „Стража на јазикот“ е одбрана на мултиетничка Северна Македонија, изјави потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи. Централното претседателство на партијата денеска ќе одржи состанок на којшто ќе одлучува за следните чекори.

Известува  Миле А. Ристески.