Култура

Гала премиера на филмот „Пред дождот“

09.12.2024 17:19

Три децении од премиерата на „Пред дождот“ на режисерот Милчо Манчевски. Пред 30 години „Пред дождот“ триумфираше во Венеција и го освои Златниот лав за најдобар филм...

„Бев преокупиран да се направи филмот, но не беше сигурно дека ќе има филм. На две недели пред снимањето, проектот ќе се распаднеше. Сепак, верував во она што го правам“ – со овие зборови, Милчо Манчевски, творец на „Пред дождот“ раскажа за случувањата пред создавањето на филмот кој освои многу награди и влезе меѓу најдобрите во светската кинематографија.

Раде Шербеџија во ликот на Александар се пронашол себе си.

На 30 години од „Пред дождот“, актерите евоцираа спомени.

Филмот „Пред дождот“ во 1994-та година триумфираше во Венеција и го освои Златниот лав за најдобар филм. Вброен е во академската програма на над 200 универзитети, како и во италијанските средни училишта. Играл на повеќе од 200 фестивали.

 

Наташа Гркова – Петрушевска