Средба Зеленски – Мерц
На средба со украинскиот претседател Зеленски, Мерц рече дека ќе се направи се за да се стави крај на војната во Украина што е можно поскоро...

Германскиот кандидат за канцелар и лидер на конзервативната ЦДУ Фридрих Мерц во импровизирана посета на Киев. На средба со украинскиот претседател Зеленски, Мерц рече дека ќе се направи се за да се стави крај на војната во Украина што е можно поскоро. Мерц позитивно се изјасни и за испораката на германските крстосувачки ракети Таурус во Украина, што актуелниот канцелар Олаф Шолц до денес го негираше. Зеленски, пак ја истакна важноста на позицијата на Европа во комуникацијата со САД.
„Сакаме да и овозможиме на вашата армија да стигне до воени цели во Русија – не до населението – не до инфраструктурата, туку да стигне до воените цели од кои се бори вашата земја. Никој од нас нема интерес да ја продолжи војната. Сите сакаме да ја завршиме што е можно побрзо“, изјави Фридрих Мерц - лидер на ЦДУ и германски кандидат за канцелар.
„Кога зборуваме за замрзнатиот конфликт, реков дека ние повеќе од кој било во светот, сакаме крај на војната. Им нагласив на претседателот Макрон и на претседателот Трамп дека Путин не сака крај на оваа војна, затоа мора да биде принуден на тоа. а може да биде принуден само ако Украина е силна. Украина е силна на бојното поле“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.
