Италија

Најмалку две лица загинаа во експлозијата на рафинерија во Фиренца

09.12.2024 15:00

Четири лица сè уште се водат како исчезнати по експлозија во фабриката на ЕНИ, една од најголемите енергетски компании во Италија...

Најмалку две лица загинаа, а девет се повредени во експлозија во италијанска рафинерија за гас во близина на Фиренца.

Четири лица сè уште се водат како исчезнати по експлозија во фабриката на ЕНИ, една од најголемите енергетски компании во Италија.

Експлозијата се случила околу 10:15 часот, во близина на трговски центар, меѓу Кампи Бизенцио и Каленцано.

Итната помош излегла на местото на настанот.