Аналитичари: Политички маркетинг и притисок врз судот за подигнување на рејтингот на ДУИ
ДУИ прави притисок пред одлуката на Уставниот суд – коментираат политички аналитичари. Велат, целта е преку создавање тензии да се оствари политичка корист...

Какви било протести пред да се знае одлуката на Уставниот суд изгледаат повеќе како политички маркетинг отколку како реална борба за заштита на права, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски. Тој смета дека правото на протест е загарантирано и не очекува од ова да произлезе дестабилизација.
Аналитичарот Благојче Атанасоски во потегот на Европскиот фронт гледа обид за политизирање на одлука на Уставниот суд и вршење притисок. Преку креирање на политички тензии, вели Атанасоски, ДУИ сака да го подигне рејтингот.
Откако Уставен најави дека на седница ќе го разгледува Законот за јазиците, членови и симпатизери на Европскиот фронт ги повикаа граѓаните да се стават во одбрана на Законот.
Уште пред пет години Законот за јазиците е оспорен со 12 иницијативи. Двајцата судии Албанци најавија дека нема да присуствуваат на седницата.
Анита Димитријевска – Велковска
