Македонија
ОУ „Лазо Ангеловски“ го прекина бојкотот, учениците утре продолжуваат со настава
09.12.2024 20:29
Ваква одлука донесе родителскиот совет, откако го прифати понуденото решение, проблематичниот третоодделенец, наставата до крајот на првото полугодие да ја продолжи онлајн...

Прекинат е бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром. Учениците утре се враќаат на настава.
Ваква одлука донесе Советот на родители на училиштето, откако го прифати понуденото решение, проблематичниот третоодделенец, наставата до крајот на првото полугодие да ја продолжи онлајн.
Во меѓувреме, комисија со претставници на Центарот за социјални работи ќе ја следи состојбата, а стручни лица ќе работат со детето и со неговото семејство.
