Македонија

Артан Груби и судијата Енвер Беџети на црната листа на САД поради корупција

09.12.2024 20:40

Стејт департментот додаде 14 нови имиња на американската црна листа, меѓу кои и на поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата во Апелациски суд Енвер Беџети...

Стејт департментот додаде 14 нови имиња на американската црна листа, меѓу кои и на поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата во Апелациски суд Енвер Беџети.

Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на Северна Македонија и контраразузнавање.

Мијалков беше назначен во 2022-ра година за значителна корупција. Како дел од оваа акција се назначени и членовите на потесното семејство на Груби.

Стејт департментот презеде акција за ограничување на визите на поединци кои овозможиле, олесниле или на друг начин биле вмешани во значителна корупција и на членовите на нивните потесни семејства.