Екологија
Протест за чист воздух, се бараат мерки за аерозагадувањето
10.12.2024 08:06
Маршот ќе почне пред Министерството за животна средина, а ќе продолжи до Собранието и Владата...

Еко активистите попладне во Скопје организираат протест поради загадениот воздух. Маршот ќе почне пред Министерството за животна средина, а ќе продолжи до Собранието и Владата.
„Сè што треба е да се собереме и да покажеме заедничка сила за чист воздух.Скопје мора да дише, Македонија мора да дише“, апелира организаторот на протестот.
Се бара спроведување на мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. И граѓаните се жалат на аерозагадувањето.
