Предлог-буџетот за 2025 на собраниска седница
Расправата трае најмногу пет дена. Вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 а расходите од 400, 2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 4 проценти од планираниот БДП...

Дополнетиот Предлог-буџет за идната година собраниска седница. Расправата трае најмногу пет дена. Вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 а расходите од 400, 2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 4 проценти од планираниот БДП.
Се очекува инфлацијата да се намали на 2,2 процента, како резултат на стабилизирањето на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите на меѓународниот пазар, велат од Финансии. Се очекува раст на извозот од 4,2, а на увозот од 4,4 проценти.
Опозицијата предлог-буџетот го оцени како нереален и неразвоен.
