Уставен суд
Уставен суд со апели за воздржаност
10.12.2024 08:31
Уставниот суд апелира на воздржаност од ширење на информации кои може да наштетат на постапката, особено во период пред да расправа и да одлучува по предметот...

Во однос на медиумскиот интерес за објавени делови, наводно од реферат од Законот за употребата на јазиците, Уставниот суд информира дека поради тајноста на постапувањето по предметот кој е во претходна постапка, нема да ги коментира медиумските објави, ниту нивната веродостојност.
Уставниот суд апелира на воздржаност од ширење на информации кои може да наштетат на постапката, особено во период пред да расправа и да одлучува по предметот.
