Собрание

Делегација од германскиот Бундестаг во посета на Собранието

10.12.2024 08:37

Членовите на Бундестагот ќе остварат средба и со Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија...

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска ќе има средба со делегација од германскиот Бундестаг.

Како што е објавено на веб сајтот на Собранието, членовите на Бундестагот ќе остварат средба и со Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија.