Ракомет

Ракометарките на Норвешка ја победија Германија во Виена

10.12.2024 09:02

Ракометарките на Норвешка во Виена ја победија Германија со 32:27 и го потврдија првото место во Групата 2 на Европското првенство 2024.

Ракометарките на Норвешка во Виена ја победија Германија со 32:27 и го потврдија првото место во Групата 2 на Европското првенство 2024.

Норвежанките со максимални осум бодови изборија полуфинале. Претходно, во првиот денешен дуел на ЕП 2024 Швајцарија загуби од Холандија со 29:37.

Вечерва од 20:30 часот ќе се соочат Данска и Словенија.

Полуфиналисти од Групата 1 се Унгарија како првопласирана и Франција од втората позиција.