Големата полициска акција поврзана со работењето на РЕК Битола, има приведени
Предмет на претрес се документации поврзани со јавни набавки и снабдување со адитиви за РЕК Битола и РЕК Осломеј. Според првичните сознанија, направена е штета од 6,5 милиони евра...

Во тек е голема полициска акција во координација со Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, потврдија за МТВ од Министерството за внатрешни работи. Детали сепак не се соопштуваат, но според неофицијални информации, отворена е истрага за злосторничко здружување и злоупотреба на постапки за јавни набавки и јавно-приватно партнерство.
Предмет на претрес се документации поврзани со јавни набавки и снабдување со адитиви за РЕК Битола и РЕК Осломеј. Според првичните сознанија, направена е штета од 6,5 милиони евра.
Претреси се прават во повеќе градови, а има и 10-на приведени. Детали за акцијата се најавуваат по нејзиното завршување, во текот на денот.
