Нетанјаху првпат ќе сведочи пред суд во процесот за обвиненија за корупција
Според налогот, Нетанјаху, ќе сведочи трипати неделно и покрај војната во Газа и можните нови закани од превирањата на Блискиот Исток, вклучително и во соседна Сирија...

Израелскиот премиер Нетанјаху првпат сведочи пред судот во долгиот процес против него за обвиненија за корупција. Според налогот, тој ќе сведочи трипати неделно и покрај војната во Газа и можните нови закани од превирањата на Блискиот Исток, вклучително и во соседна Сирија.
Нетанјаху е обвинет за измама, нарушување на довербата и примање мито во три одделни афери. Во истовреме е соочен и со меѓународна потерница за негово апсење поради воени злосторства во Газа. Постапката ќе се одвива во подземен совет во судот во Тел Авив како безбедносна мерка на претпазливост.
„Во медиумите слушнав, сум сакал да го избегнам судењето. Осум години го чекам овој ден, за да ја изнесам вистината и конечно да ги расчистам заблудените и апсурдни обвиненија против мене. Осум години за да го откријам методот на брутална ловечка експедиција, бидејќи овие истраги настанале во грев. Немаше прекршок, па тие го бараа, не можеа да најдат, па го измислија“, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.
