САД

26-годишник обвинет на убиството на извршниот директор на „Јунајтед Хелт Кер“

10.12.2024 10:43

Манџионе, кој претходно беше обвинет во Алтуна за прекршоци за оружје и фалсификување, ќе биде екстрадиран во Њујорк.

Луиџи Николас Манџионе е обвинет за убиството на извршниот директор на „Јунајтед Хелт Кер“, Брајан Томпсон. 26-годишникот бил уапсен во Пенсилванија откако вработен во Мекдоналдс го препознал и ја известил полицијата.

Манџионе, кој претходно беше обвинет во Алтуна за прекршоци за оружје и фалсификување, ќе биде екстрадиран во Њујорк.

„Кај него беше пронајдено огнено оружје, но и други вредни докази коишто ќе помогнат во истрагата“, информираше изјави Дерек Своуп, заменик-началник во полицискиот оддел во Алтуна.

„Осомничениот штотуку беше изведен пред судот овде и веројатно многу наскоро во Њујорк ќе биде поднесено обвинение“, Џош Шапиро, гувернер на Пенсилванија.