Тодоров: Министерството за здравство ќе поднесе кривична пријава поради бактеријата листерија

25.07.2014 13:13

Земени се над триста мостри. Дури и сите да се негативни од министерството велат дека и натаму ќе се бара изворот на заразата...

Министерството за здравство ќе поднесе кривична пријава за непознат сторител за да се открие виновникот за четирите смртни слкучаи од листерија. Министерот Никола Тодоров со став, сторителот и одговорните нема да поминат со парична казна.

Земени се над триста мостри. Дури и сите да се негативни од министерството велат дека и натаму ќе се бара изворот на заразата.

Бактеријата однесе четири човечки животи. МТВ објави дека уште пред неколку месеци присуството на оваа бактерија е регистрирано во кочанска фабрика за храна.

Газадата не сакал да ги уништи производите. Откако се вклучи алармот, и прометот во маркетите не е намален, но граѓаните внимаваат што купуваат, особено кога станува збор за месото.

Нема нови случаи на зараза. По појавата за опасноста од бактеријата  надлежните органи ги засилија инспекциските контроли.