Тенис
Арина Сабаленка е избрана за тенисерка на годината на ВТА
10.12.2024 11:02
Оваа година тенисерката од Белорусија освои четири титули: Австралија опен, Синсинати, Ју-ес опен и Вухан.

Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка е избрана за тенисерка на годината на ВТА. Оваа година тенисерката од Белорусија освои четири титули: Австралија опен, Синсинати, Ју-ес опен и Вухан.
Сабаленка во 2024 година освои две гренд слем титули и сега во својата колекција има три вакви трофеи.
Откако по третпат го освои турнирот во кинескиот град, таа стави крај на единаесетмесечното владеење на Ига Швјонтек на врвот на ВТА листата.
Сабаленка на овој начин го прекина две годишното владеење на Швјонтек.
