Мултинационална компанија од машинскиот сектор ќе инвестира во Македонија

25.07.2014 13:22

Уште една мултинационална компанија одлучи да инвестира на македонскиот пазар. Премиерот Никола Груевски преку својот Фејсбук профил соопшти дека компанија од Италија ќе инвестира 10 милиони евра во Македонија и ќе донесе нови вработувања.

„Добра вест. Нова италијанска инвестиција, мултинационална компанија од машинскиот сектор, над 10 милиони евра инвестиција и нови вработувања“, објави Груевски.

Станува збор за компанијата Монтанте Груп Италија која дизајнира и произведува амортизери за потреби на индустриски возила и во железничкиот сообраќај.