Бунтовниците во Сирија формираа „Влада на спасот“
Бунтовниците во Сирија формираа „влада на спасот“. Земјата е поделена на повеќе региони. Израел изврши стотина воздушни напади. На затворена седница, Советот за безбедност повика да се сочува поредокот...

Преговори за трансфер на власта во Сирија. Лидерот на опозицијата на прва средба со поранешниот премиер кој се согласи да ја предаде власта откако претседателот Асад и неговото семејство пребегнаа во Русија. Новото раководство најави дека нема целосно да ги напушти практиките на претходната влада.
„Ќе видите искуството не е нула. Во одредени области, тие имаа различни високи нивоа на успех. Сепак, нема да ги отфрлиме старите практики, од суштинско значење е да го искористиме нивното постоење“, изјави Ахмад ал-Шара, лидер на Хајат Тахрир Ал-Шам.
Германија и Франција подготвени да соработуваат со новите власти во Сирија. За САД ова е историска можност која носи и ризици. Ги поздравија најавите за формирање инклузивна влада.
„Овој момент претставува историска можност, но носи и значителни ризици. ИСИС ќе се обиде да го искористи овој период, но ние сме решени да не го дозволиме тоа. Изјавите на бунтовничките водачи за овие цели се добредојдени. Но, вистинската мерка за нивната посветеност не е само она што го кажуваат, туку она што го прават“', изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.
Потребни се кредибилни и транснационални договори за инклузивни преодни аранжмани, во спротивно постои ризик од нов конфликт-потсетува специјалниот пратеник на ОН за Сирија.
„Треба да се фокусираме на потребата од веродостојни и преодни аранжмани во Дамаск. Исклучително е важно да бидат инклузивни, да обезбеди застапеност на најширокиот можен спектар на сириското општество, во спротивно ризикуваме нов конфликт во Сирија“, изјави Геир О. Педерсен, специјален пратеник на ОН за Сирија.
Според медиумите, израелската армија напредува на 25 километри југозападно од Дамаск при нејзиниот упад во Сирија, Тел Авив негира. Упадот на Израел е кршење на повелбата на ОН-оцени Техеран. На запирање на израелската агресија повика и сирискиот претставник во ОН. Во истовреме, Белите шлемови соопштија дека операциите за пребарување на озлогласениот затвор Седнаја се завршени. Сиријците бараат одговори за исчезнатите најмили.
„Тука се убивани и исчезнати, Господ знае дали ќе се вратат. Речиси и не постои жена која не го изгубила својот брат, дете или сопруг во домот. Нема жена во Сирија која не изгубила некого“, изјави Хаирија Исмаил, мајка на синот кој почина во воениот затвор Сајднаја.
Илјадници сиријци и натаму чекаат на границите на Либан и Турција да се вратат во земјата. Се зголемува списокот Европски земји кои го суспендираат давањето азил за сириските бегалци.
Бојана Крстевски
