Јавен сервис

Дебата „Буџет 2025“ вечерва од 20:15 на МРТ1

10.12.2024 18:00

В година е предвидено да се потрошат рекордни шест ипол милијарди евра. Ќе можат ли граѓаните и стопанството да го издржат товарот? На МРТ1 дебата меѓу владата и стопанските комори...

Прв буџет за новата Влада, историски најголем. В година е предвидено да се потрошат рекордни шест ипол милијарди евра. Повеќе пари за капитални инвестиции, за плати и пензии. Проектиран е економски раст од 3,7 проценти, а дефицит од 680 милиони евра.

Ќе можат ли граѓаните и стопанството да го издржат товарот? На МРТ1 дебата меѓу владата и стопанските комори, вечерва од 20:15 часот, заедно со Сузана Фиданска- Стоевска и Стојан Трпчевски.

Дебатата следете ја во живо на следниот ЛИНК