„Дијалог преку уметност“ изложба на професори од Националната уметничка академија од Софија
Станува збор за изложба на професори од Националната уметничка академија од Софија, која има за цел да ги зајакне врските помеѓу НУА и Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје.
Факултетот за ликовна уметност при УКИМ – Скопје најавува изложба со наслов „Дијалог преку уметност“ што ќе се отвори на 12 декември 2024 година.
Станува збор за изложба на професори од Националната уметничка академија од Софија, која има за цел да ги зајакне врските помеѓу НУА и Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје. Преку уметноста, организаторите на изложбата – Министерството за култура на Република Бугарија и Националната уметничка академија – воспоставуваат директен дијалог со Република Северна Македонија. На овој начин се изразува подготвеноста за развивање и унапредување на партнерството и соработката помеѓу двете образовни институции преку реализирање заеднички уметничко-креативни, уметничко-научни проекти.
Изложба на професори од Националната уметничка академија од Софија, ќе биде отворена на 12 декември во Галеријата ФЛУ на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ – објект Педагошка во Скопје со почеток во 20 часот.
ФЛУ, УКИМ во Скопје интензивно работи на воспоставување и продлабочување на соработката со сличните високообразовни институции од регионот и пошироко. Меѓународната соработка покрај изложбена активност значи и размена на искуства, мобилност на студенти и наставен кадар и заеднички уметничко-креативни и уметничко-научни истражувачки проекти.
