Македонија

Потпишан меморандум помеѓу ФЗО и Проектот на УСАИД за партнерство против корупција

10.12.2024 18:30

Целта на ова писмо за соработка е да се постави основа на заеднички приоритети кои се насочени кон реализацијата на активностите кои треба да го зајакнат системот за спречување и намалување на институционалната ранливост на корупција, соопштуваат од Фондот.

Во Фондот за здравствено осигурување денеска беше потпишано писмо за соработка помеѓу Фондот и Проекот на УСАИД за партнерство против корупција кој ќе биде спроведуван од страна Менаџмент системс Интернешонал, компанија на Тетра Тек.

Целта на ова писмо за соработка е да се постави основа на заеднички приоритети кои се насочени кон реализацијата на активностите кои треба да го зајакнат системот за спречување и намалување на институционалната ранливост на корупција, соопштуваат од Фондот.

Со ова, двете страни се обврзуваат на заедничка соработка, обезбедудување на соодветен персонал и ресурси кои ќе бидат соодветно распределени во спроведување на активностите поврзани со проектот.

Оваа соработка ја поставува основата на заедничките напори, фокусирајќи се на клучните области како што се внатрешна контрола, градење на капацитети за проценка на ризикот од корупција, подобрување на процесите на регрутирање и сл.

Од страна на преставниците на Проекот на УСАИД за партнерство против корупција беше потенцирано дека преку соработката ќе се даде поддршка за зголемување на финансиската транспарентност и подобрување на функционалноста  на системот на е-здравство, како и промовирање на интегритетот и одговорноста во управување со ФЗО во текот на наредната година.